Фото СДСМ

Георгиевска: Интерпелацијата за мене е прикривање на намерата на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Уставниот суд

Најавата за интерпелација за мене како претседателка на Комисијата за избори и именувања од ВМРО-ДПМНЕ е обид за прикривање на нивната вистинска намера, да се предизвика уставна криза во државата, изјави Марија Георгиевска, претседателка на собраниската Комисија откако ВМРО-ДПМНЕ поднесе интерпелација за пратеничката. Таа потврди дека нема член во Деловникот според кој таа може парцијално да достави известување до претседателот на Собранието Талат Џафери дека двајца од тројцата предлози за уставни судии ќе ги достави на пленарна седница и оти нема член кој го забранува тоа, значи дека е дозволено.

-Јас известив дека Комисијата изгласла предлози за двајца кандидати за уставни судии. Во Комисијата се води расправа поединечно за предлозите за уставни судии, за двајцата е завршена расправата и тие се доставени на собраниска седница. Одговорноста како претседателка на Комисијата, со оглед на состојбите кои се случуваат во ова тело, односно дека изборот на предлози за судии трае повеќе од едн агодина и дека не постои расположение кај ВМРО-ДПМНЕ да заврши расправата. Одржани се 21 седница на Комисијата, а дискусиите се бесконечни и од ВМРО-ДПМНЕ отворено изјавуваат дека ќе направат се за да биде блокиран изборот на уставните судии. Како претседателка на Комисијата сум постапила по моја проценка и доставив парцијален извештај до претседателот на Собранието. Оваа Комисија не доставува извештај, туку одлука, но го известив претседателот Џафери што се случува во Комисијата и дека давам предлог на пленумот за двајцата предлози за кои е завршена расправата да одат на пленарна седница и дека за третиот предлог расправата во Комисијат продолжува. Како пратеници не треба да се задскриваме дека власта и опозицијата не можат да најдат разбирање и дека поради тоа ќе се блокираат институции – рече Георгиевска.

На новинарско прашање по кој член од Деловникот на собраниска седница се испратени само двајца кандидати, Георгиевска потврди дека таков член нема.

-Во Деловникот никаде нема член дека јас не можам да доставам извештај, значи можам. Во Собранието не смееме да си дозволиме целосна неодговорност и да се блокира Уставниот суд. јас не сум ја прекинала работата на Комисијата, расправата продолжува за третиот предлог. Во Собранието мора да понесеме одговорност не смееме да дозволиме блокада на Уставниот суд – рече претседателката на Комисијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот