Вакцини / Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

ГАВИ обезбедиле 775 милиони долари наменети за вакцини на сиромашните земји

Светската Асоцијација за вакцини (ГАВИ) денеска потврди дека обезбедила 775 милиони долари за финансирање на испораките на вакцини против Ковид-19 во земјите со ниски примања кои исполнуваат услови за поддршка во текот на следните две години.

Во соопштението по дводневниот состанок на Комитетот ГАВИ во Женева, е најавено дека поставената цел, која вклучува испорака на 1,8 милијарди дози вакцини во државите со пониски примања, ќе се постигне во првиот квартал на 2022 година.

Механизмот Ковакс, управуван од ГАВИ, заедно со Светската здравствена организација, од февруари досега испорача 90 милиони дози вакцини во 132 земји.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот