Африм Гаши / 5 ноември 2021 / фото: Сител/принтскрин

Гаши: Имаме 61 пратеник, покренуваме постапка за гласање недоверба на владата

„Денеска имаше иницијатива за собирање потписи за интереплација на Владата. Ние како опозициска партија и коалиција нормално дека се потпишавме на тоа“, изјави вечерва за Сител лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, по состанокот во Собранието од кој произлезе ново парламентарно мнозинство.

Тој не сакаше да коментира околу тоа дали новото парламентарно мнозинство значи и нова Влада или нови предвремени парламентарни избори.

-Ќе видиме. Ова е прв процес. Процесот се одвива заради интерпелација на Владата. Ако се изгласа недоверба тогаш почнуваат други рокови и тогаш почнува процесот за тоа кој ќе биде мандатар, каква Влада ќе се состави. Тогаш ќе се сретнеме пак, но е битно да знаете дека Алтернатива дека нема да биде Влада која би се повлекла од евроатланските процеси и интеграции. Мора нашата држава да остане членка на НАТО, да ги зацврстиме нашите односи, а европските интеграции мораме да ги забрзаме што побргу можеме. Ако некоја партија која е дел од Владата условува со тоа, ние нема да бидеме дел од таква влада, рече Гаши.

Тој рече дека засега не се зборувало ниту за нова Влада, ниту за предвремени парламентарни избори.

-Сега-засега зборуваме за овој процес, за недоверба на Влада, вели Гаши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот