Фото: Принтскрин

„Ганиќ Ексклузив“ за автобусот што доаѓаше од Истанбул: Мал технички проблем што се среди, а патниците се орасположија со музика и со забава

По медиумските објави за наводните тешкотии на патници од автобус на агенцијата „Ганиќ Ексклузив“ при враќање од Истанбул, со соопштение се огласи самата агенција, оценувајќи дека информациите биле неточно претставени и создале непотребна негативна слика за компанијата, објави Скопје инфо.

„Дефектот, кој настана, беше технички и брзо беше надминат. Имаме и видеа и фотографии кои покажуваат дека патниците веднаш по санирањето на проблемот продолжија со патувањето, расположени, насмеани, дури и со музика и со забава во автобусите“, се вели во реакцијата на агенцијата.

Агенцијата додава дека нејзината цел не е конфронтација, туку вистинито информирање на јавноста.

„Сметаме дека е важно јавноста да ја добие вистинската слика, па затоа Ви ги ставаме на располагање сите докази,“ велат од „Ганиќ Ексклузив“ за Скопје инфо.

ВИДЕО | Хорор во автобус со македонски туристи што се враќале од Истанбул – возилото се прегревало, деца повраќале, патниците гладни и очајни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот