Фото: Принтскрин / Инстаграм / Јутјуб

Фута ја нарече Карлеуша лажливец и крадец, пејачката веднаш се огласи: Марина се превртува во гроб…

Спорот за интелектуална сопственост меѓу Јелена Карлеуша и Александар Радуловиќ Фута е во тек. Музичарот поведе судска постапка против пејачката за наводно кршење на авторските права, а нејзиниот официјален канал на Јутјуб беше затворен поради неговата пријава, непосредно пред објавувањето на долгоочекуваните албуми „Алфа“ и „Омега“.

Како што претходно истакна Карлеуша на својот официјален инстаграм-профил „Фута се обидува со уцена и измама незаконски да ја искористи досегашната работа на покојната Марина Туцаковиќ“.

Аудио снимките до кои дојде српски „Информер“ покажуваат дека нивниот конфликт не стивнува. Имено, музичарот учествуваше во еден од популарните „простори“ на социјалната мрежа „Икс“, кога подетално проговори за спорот со Карлеуша.

„Со оглед на тоа што го затворивте каналот на Карлеуша, се прашувам зошто го направивте тоа? Поради Цеца?“, го праша Фута, корисникот Ла Бомба на „Икс“.

„Каква врска има Цеца со Карлеуша? Јас го пријавив каналот на Јелена. Цеца нема врска со тоа. Тие две се тужат затоа што вторава и кажала дека е луда, па оваа викнала психијатар-вештак на суд, ова ти го кажувам од прва рака. Снимам албум со Цеца, а со другата (Јелена) нема да се дружиме. И кажи ми ја сакаш ли Карлеуша? Кажи ми барем три причини зошто ја сакаш“, рекол Фута.

„Има многу причини зошто ја сакам, а трите најважни се затоа што доживеала сè и сешто, затоа што е искрена и директна и затоа што гази лоши луѓе. Да не зборуваме за харизма и енергија и слично…“, одговорил Ла Бомба.

„Како кажа, искрена е и директна?! Таа е нечесна, бидејќи е лажливец и крадец. Да речеме, авторски крадец“, додал Фута.

За овие клевети на сопругот на нејзината најблиска соработничка, Карлеуша во свој стил дала изјава за српски „Информер“.

„Наместо да седи на гробишта и да плаче затоа што изгубил сè на светот, тој маченик не ја научил животната лекција и продолжува да прави зло. Марина се превртува во гробот бидејќи уништува сé што таа создавала со децении. Има ли институција да се справи со овој налудничав дедо“, изјавила Карлеуша за „Информер“.

ВИДЕО | Јелена Карлеуша доби подарок од 24.000 евра за 8 Март

ВИДЕО | Цеца на премиерата на „Недела“: Облекла модна комбинација од 10.000 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот