Ламин Јамал/фото: EPA-EFE/Daniel Gonzalez

Проблем за Барса – Јамал повреден, под прашалник е за „Ел Класико“

Непријатна вест за Каталонците – еден од најталентираните фудбалери во светот, Ламин Јамал, ќе мора да паузира најмалку три недели поради повреда на грбот, соопшти Барселона.

Повредата на 18-годишниот офанзивец доаѓа во мошне деликатен момент за „блауграна“, која на 26 октомври ја очекува најголемата пресметка во шпанскиот фудбал – „Ел Класико“ против Реал Мадрид. Големо е прашањето дали Јамал ќе биде подготвен за тој дуел.

Јасно е дека младиот репрезентативец ќе го пропушти претстојното собирање на европскиот првак Шпанија, како и натпреварите со Севиља и Ѓирона во Примера, односно Олимпијакос во Лигата на шампионите.

Сега целиот товар паѓа на медицинскиот тим на Барселона, кој ќе се обиде да го оспособи Јамал за мегадуелот на „Сантијаго Бернабеу“. Доколку се врати навреме, шансите на Барселона против Реал значително ќе пораснат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот