Олга Кармона / Фото EPA-EFE/DEAN LEWINS

Фудбалерката Кармона дознала дека татко ѝ починал моменти откако ѝ донесе злато на Шпанија

На шпанската фудбалерка која го постигна единствениот гол во финалето на Светското првенство, Олга Кармона, и било кажано дека нејзиниот татко починал веднаш по натпреварот против Англија.

Голот на левиот бек во првото полувреме од натпреварот му донесе победа на тимот од 1-0 над Англичанките. Но, во објава на социјалните мрежи, по натпреварот, Кралската шпанска фудбалска федерација ја објави смртта на нејзиниот татко.

„Фудбалерката ја дозна тажната вест по финалето на Светското првенство. Ги испраќаме нашите најискрени прегратки до Олга и нејзиното семејство во момент на длабока болка“, се додава. „Те сакаме, Олга, ти си засекогаш во историјата на шпанскиот фудбал“.

Шпанија стана само втората земја, по Германија, чии машки и женски репрезентации станале светски шампиони во фудбал.

23-годишната Кармона претходно го прослави голот откривајќи порака на нејзината маица на која пишуваше „Мерчи“, за која рече дека е почит на пријател чија мајка починала.

Фудбалерката долго време се смета за една од најголемите таленти на шпанскиот фудбал. Имајќи импресивни настапи против Данска и Англија на минатогодишното женско Европско првенство, таа забележа 100 настапи за женскиот тим на Реал Мадрид.

ВИДЕО: Фудбалерките на Шпанија ја освоија светската титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот