
Фудбалерите на Вардар го освоија Купот, Талевски двоен стрелец против Струга
Денеска во финалето на Купот на Македонија фудбалерите на Вардар со резултат 2:0 ја надиграа Струга на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје.
Препорачано
Струга во текот на првото полувреме неколку шанси да дојде до погодок најпрвин преку Радески, а по корнер од левата страна голманот добро реагираше голманот на Вардар Талески.
После првото полувреме скопските „црвено-црни“ водеа со погодокот на Михаил Талевски во 26 минута од средбата.
Вториот погодок беше постигнат на стартот од вториот дел, истиот играч стрелаше во 49 минута за зголемување на предноста.
Нешто слично како и во првиот дел, и во второто полувреме се закани неколку пати овојпат преку Компаоре и Кехинде.
Вардар чекаше 18 години за нов куп пехар, ова е вкупно шеста титула за клубот кој останува на врвот со најмногу трофеи во ова натпреварување.
Струга и во своето второ финале не успеа да дојде до титулата во Купот.
Вардар со овој триумф ова лето обезбеди и учество во квалификациите за Конференциската лига.
Финале
Куп на Македонија 2024/2025
Вардар – Струга 2:0
Вардар: Талески, Босанчиќ, Донгмо, Јанкулов, Маневски, Матиќ, Омерагиќ, Сенгхор, Талевски, Тодоровски, Закариќ.
Струга: Ќосевски, Бојку, Хамза, Илиевски, Касами, Кривањева, Радески, Радиќ, Шабани, Укпа, Влајковиќ.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
26мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5