Фото: FK Crvena Zvezda

Фудбалер на Црвена Звезда беснеел пијан во хотел, тренерот го исфрли од тимот

Фудбалерот на Црвена звезда, Кајмер Сандовал (20), се најде во центарот на скандал кој го чинеше место во младата репрезентација на Колумбија. Наместо да настапи на Светското првенство за играчи до 20 години, младиот дефанзивец е отстранет од тимот поради недисциплина и алкохол.

Селекторот Сезар Торес ја потврди одлуката по инцидентот во кој Сандовал, заедно со соиграчот Џон Мантана (18), бил затекнат под дејство на алкохол, правејќи врева и не успевајќи да ја пронајде својата соба.

„Пред сè, сите сме луѓе, а потоа спортисти. Кајмер е фудбалер со голем потенцијал, но мора да научи што значи дисциплина. Одлучивме дека нема да биде дел од тимот, затоа што не ги почитува правилата според кои работиме“, истакна селекторот Торес.

Колумбија во наредните седум дена ќе одигра три меча во рамките на СП (против Саудиска Арабија, Норвешка и Нигерија), но без Сандовал во составот.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот