Француското обвинителство започна истрага за наводно незаконско финансирање на изборите

Францускиот претседател Емануел Макрон / Фото: EPA-EFE/GONZALO FUENTES

Француските национални финансиски обвинители соопштија дека отвориле истрага за сомнително незаконско финансирање на изборните кампањи во 2017 и 2022 година, јави Еуроњуз.

Водечкиот француски весник „Ле Паризиен“ објави дека истрагата е насочена кон победничките изборни кандидатури на претседателот Емануел Макрон.

Обвинителите во писмената изјава рекоа дека сакаат да донесат појаснувања по извештаите во печатот, во очигледно повикување на весникот „Ле Паризиен“ кој претходно истиот ден објави наводна истрага во врска со кампањата на Макрон во 2017 година и нејзините врски со американската консултантска компанија „Мекинзли“.

Во соопштението на обвинителството, без да се цитираат Макрон или неговата партија, се вели дека на 20 октомври била отворена судска истрага за наводни „неконзистентни сметки за кампањата“ и „намалување на сметководствените ставки“ во врска со консултантски компании кои работеле за време на изборните кампањи во 2017 и 2022 година.

Следниот ден, беше отворена уште една истрага за наводно фаворизирање во врска со тие кампањи, се вели во извештајот.

Финансирањето на кампањите во Франција е строго регулирано.

„Ле Паризиен“, повикувајќи се на анонимни извори, рече дека судиите се фокусираат на условите под кои биле склучени некои големи договори меѓу „Мекинзли“ и државата по изборот на Макрон.

Официјален претставник на француското претседателство рече дека Елисејската палата „е запознаена со комуникацијата од канцеларијата на финансиското обвинителство во врска со отворањето на две судски истраги. На правосудниот систем е да ги води истрагите со сета независност“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот