Француски европратеник: Крајно неприфатлива ситуација во Косово, ќе ги браниме правата на Србите

европски парламент европа знамиња европски знамиња на европа
Знамиња на земјите-членки на ЕУ / EPA-EFE/PATRICK SEEGER

Францускиот европратеник Жан-Лук Лакапел посочува дека ситуацијата на Косово е крајно неприфатлива, нагласувајќи дека тој секогаш ќе биде на страната на Србите, пренесува РТ Балкан.

„Јас секогаш ќе бидам на страната на Србите, никогаш не заборавам дека вие сте основата на христијанската цивилизација во Европа, нашите пријатели и сојузници“, изјави францускиот европратеник Жан-Лин Лакапел, член на партијата Национален собир и член на пратеничката група „Идентитет и демократија“.

Лакапел во интервју за „Новости“ вели дека Србија заслужува пријателство и поддршка, повеќе од другите. Токму тој во Европскиот парламент го привлече вниманието на тешката состојба на Србите на Косово, како и на големиот притисок под кој Србија е во моментов поради невоведувањето санкции против Русија.

„ЕУ се однесува поинаку во своите барања – таа е многу попустлива кон Косово, кое не е држава, но е крајно строга кон Србија. Тоа се гледа во поднесените извештаи. Се чувствува како да има две политики. Причината за ова е што во Брисел сакаат се да стават во ист кош. А Србија тоа не го сака. Ниту Полска и Унгарија. Затоа има поголема строгост кон нив“, посочува Лакапел.

Тој додава дека во Брисел не разбираат историја, корени, култура и геополитика.

„Ја наметнувам мојата визија за Косово, кое секогаш го посочувам и повторувам како колевка на историјата на Србија. Не го разбирам овој притисок од ЕУ. Српскиот народ во Косово е нападнат, тој е во опасност“, рече европратеник.

Лакапел вели дека изборите со помалку од три отсто учесници не се репрезентативни и забележува дека и покрај тоа што пет земји од ЕУ не ја признаваат независноста на Косово, Брисел продолжува со истата политика. Како што вели, ситуацијата на Косово денеска е крајно неприфатлива.

„Споделувам симпатии со српскиот народ. Ќе ги браниме неговите права“, рече тој.

На прашањето дали има шанси ситуацијата да се смени, тој одговара дека се чини дека меѓународната заедница сега полека почнува да сфаќа дека властите во Приштина добиле одговор.

„Добро е ако почнат да се будат, но проблемите треба да се решат. Неопходно е да се организираат нови избори, да престане да се префрла одговорноста на Србите, на кои во последните децении им се припишуваат лоши улоги“, нагласи Лакапел.

Тој истакнува дека како Французин секогаш повторува дека Србите секогаш биле на вистинската страна на историјата. Тој вели дека Брисел се меша во суверенитетот, а кога го прават тоа ги критикува другите.

„Се меша и во внатрешните работи на своите членки. Неодамна беше изгласана одлука за заедничка набавка на муниција за Украина во износ од 500 милиони евра“, нагласи Лакапел.

Тој посочува дека ЕУ сака да ја преземе целата политика на одбрана и надворешни работи, која е основа на суверенитетот на земјите.

„Таа сака да ги задуши државните апарати, сака да владее наместо нив. Опасно е и време е луѓето да се разбудат“, нагласува тој.

Зборувајќи за барањето испратено до Србија за почитување на санкциите кон Русија, Лакапел вели дека сите сме за почитување на територијалниот суверенитет на земјите.

„Србија беше многу јасна во овој поглед. Зошто тогаш е неопходно да се изврши притисок врз земјите да ги прекинат комерцијалните врски со Русија? Ние немаме иста историја или иста зависност од енергетски производи. Русија во Советот за безбедност на ОН, заедно со Кина го брани интегритетот на Србија кога станува збор за Косово. Како може ЕУ да бара да се откаже од своите сојузници и пријатели?“, праша тој.

„Излегува дека денес немаме право да одржуваме геополитички односи според нашата историја. Не, треба да се договориме што од ЕУ е добро, а што не е. Ова е голем проблем“, нагласува тој.

На прашањето дали ја нагласува неефективноста на санкциите, потсетува дека тие ѝ беа наметнати на Србија цела деценија и дека тие апсолутно за ништо не служат.

„Од нив страда само народот. Србија успеа да се опорави и сега од неа се бара истото да им го направи и на другите“, нагласува Лакапел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот