Франција очекува развиените земји да се вратат на нуклеарната енергија

Фото Архива на СП

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер предвиде враќање на нуклеарната енергија за сите големи индустриски земји, вклучително и Германија, објави АлЏезира балканс.

„Нема голема индустријализирана нација без нуклеарна енергија“, рече Ле Мер за време на посетата на нуклеарната централа Пенли во близина на Диепе на северниот брег на Франција.

„Сите главни индустријализирани нации во светот, сите големи индустриски развиени земји во Европа, вклучително и оние кои направија поинаков избор, еден ден, порано или подоцна, ќе се вратат на нуклеарната енергија. Затоа што ако земјите се соочат со избор да ја напуштат својата индустрија или да ја оживеат нуклеарната енергија, тие би се вратиле на нуклеарната енергија“, рече Ле Мер, пренесува Хина, повикувајќи се на агенцијата ДПА.

„Тоа е прашање на години, тоа нема да се случи веднаш, но јас сум убеден дека голема индустријализирана нација, без разлика која, ќе се врати на нуклеарната енергија бидејќи тоа е услов за одржување на нејзината индустрија“, додаде тој.

Во февруари, францускиот претседател Емануел Макрон најави „ренесанса на француската нуклеарна енергија“.

Планираат да изградат шест нови нуклеарни централи, а се размислува за изградба на уште осум централи до 2050 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот