Фото: Украински спасувачки служби / Икс

ФОТО+ВИДЕО: Жесток 12-часовен руски напад врз Киев со 600 дронови и 40 ракети, загина и девојче

Најмалку четворица луѓе, меѓу кои и 12-годишно девојче, се убиени, а 37 се повредени во најновиот масивен руски напад врз украинскиот главен град Киев, кој траеше повеќе од 12 часа. Според претседателот Володимир Зеленски, Русија лансирала речиси 500 дронови и над 40 ракети, а Киев и Запорожје претрпеле најголема штета, пренесе „Киев Индепендент“.

Фото: Украински спасувачки служби / Икс

Според украинските власти, во нападот биле користени 593 дронови, а врз Киев и други градови во земјата паднале 40 руски балистички ракети.

Речиси 20 локации во шест различни области на главниот град се оштетени, вклучувајќи и петкатна зграда која претрпе „делумно уништување“, потврди градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Сите четири пријавени жртви, вклучувајќи и 12-годишно девојче, беа во Киев, каде што најмалку 10 други беа повредени.

Југоисточниот град Запорожје, исто така, беше тешко погоден. Гувернерот на Запорошката област, Иван Федоров, пријави најмалку 27 повредени, вклучувајќи три деца кои се во болница. Две од децата се во сериозна состојба, едното од повредите од експлозијата, а другото од труење со јаглерод моноксид.

Според украинските мониторинг-канали, пет руски бомбардери „Ту-95“ полетале од аеродромот Олења, а подоцна полетале и бомбардерите „МиГ-31К“, што предизвикало воздушен тревог низ целата земја.Украинските воздухопловни сили, исто така, предупредија за можно лансирање ракета од „Ту-95“ од воздухопловната база „Енгелс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот