Туна Сејдиу со синовите - Фото: Инстаграм

ФОТО+ВИДЕО | Магично патување исполнето со љубов и авантура: Туна со синовите ужива во Занзибар

Пејачката Туна Сејдиу (40) ужива во семеен одмор со своите синови Тиан и Зен на егзотичниот остров Занзибар. Пејачката  на фотографиите изгледа совршено во црни бикини со црвен цвет во косата, додека со своите наследници создава моменти кои ќе останат засекогаш во сеќавање.

Покрај прошетките на островот и релаксирањето на спектакуларните плажи со бел песок и тиркизно море, Туна со своите момчиња доживеа и едно навистина посебно искуство. Тие го посетија Salaam Cave Aquarium, уникатна туристичка атракција што ги комбинира природната убавина и подводниот свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝗧𝗨𝗡𝗔 (@tunasejdi)

Овој аквариум е сместен во внатрешноста на пештерата, создавајќи магична атмосфера каде посетителите можат да се восхитуваат на различни морски животни во нивно природно опкружување. Туна и синовите таму уживаа во дружењето и галење на  големите желки, нешто што предизвикува возбуда кај малите, но и кај возрасните посетители.

Salaam Cave Aquarium, кој се наоѓа на југозападниот крај на Занзибар, во местото Kizimkazi Dimbani, е идеално место за семејни посети, едукативни прошетки и за сите љубители на природата.

Со ова патување, Туна уште еднаш покажа дека најубавите моменти се оние поминати со семејството, далеку од сцената и светлата на рефлекторите, но блиску до вистинските животни вредности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот