Цеца Ражнатовиќ / Александра и Андреј Мељниченко / Фото: Принтскрин Инстаграм / Профимедиа

ФОТО+ВИДЕО | Српската милијардерка уживала на концертот на Цеца во Дубаи! Мистериозната Сандра е мажена за рускиот тајкун Мељниченко

На настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ во Дубаи, српските медиуми и покрај строгото обезбедување успеале да ја снимат најбогатата Србинка, милијардерката Александра Сандра Мељниченко.

Сандра се опуштала во друштво на пријатели, скриена под капа и качулка, а во сепарето била во друштво на својата богата пријателка Јелена бин Драи, која е во брак со шеик. Ниту една од нив не била премногу впечатлива, тие повеќето време го поминале седејќи и разговарајќи една со друга, отколку да танцуваат или да се истакнуваат.

Меѓутоа во моментот кога се слушнале тактовите на песната „Заборави“, и двете станале, а екипата српски „Телеграф“ во тој момент успеала да ги сними.

Она што привлекло посебно внимание е лежерниот, но исклучително ефектен стајлинг на Сандра. Таа носела бела кошула со качулка и широки сини фармерки кои биле набрани на дното и со големи изрези од страните, откривајќи ѝ ги нозете и истакнувајќи ја нејзината прекрасна фигура.

Еден детаљ што го забележале сите е дека комбинацијата ја комплетирала со капа со буквата „А“, додавајќи лежерен, но тренди шмек на својот изглед. Сандра и во опуштен стајлинг покажала дека времето како да застанало за неа, зрачи со едноставна елеганција и препознатлив стил.

Инаку, ова е прва снимка на Сандра Мељниченко која ја снимија српските медиуми по долги години, а колку е тешко да се сними убавата Сандра, докажува и фактот што дури и светските медиуми тешко можат да ја „уловат“.

Да потсетиме, Сандра Мељниченко во 2005 година се омажи за рускиот милијардер Андреј Мељниченко.

Сандра и Андреј Мељниченко / Фото: Профимедиа

Двојката се венча на 3 септември 2005 година на луксузен имот во Антиб на Азурниот брег, а на церемонијата присуствувале најпознатите светски шоубизнис имиња. Гостите уживале во настапите на Енрико Иглесијас, Витни Хјустон и Кристина Агилера, а како што објавија медиумите, рускиот милијардер на венчавката потрошил околу три милиони фунти.

Сандра и Андреј Мељниченко имаат две деца, ќерката Тара и синот Адријан, кои се обидуваат да ги заштитат од очите на јавноста.

Фотографиите од Александра на концертот на Цеца можете да ги погледнете ТУКА.

Инаку, Александра, позната и како Сандра, е добра пријателка на хрватската пејачка Нина Бадриќ.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Badrić (@badrich)

ФОТО | Јахтата што ја запленија Италијанците ѝ припаѓа на најбогатата Србинка: Која е Сандра Мељниченко?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот