Фото: EPA-EFE/PETER FOLEY / Принтскрин / Икс

ФОТО+ВИДЕО | Синот на Џулија Робертс кој се крие од јавноста конечно „уловен“: Еве како изгледа 17-годишниот Хенри

Актерката Џулија Робертс се појави во јавноста со својот сопруг, снимателот Даниел Модер и синот Хенри на изведбата на „Добра ноќ и добра среќа“ на нејзиниот колега Џорџ Клуни, пренесува „Хелоу“.

Имено, Робертс дојде да го поддржи Клуни, кој во претставата го играше Едвард Р. Мароу. Тоа е еден од ретките моменти во кои јавноста можеше да го види и синот на познатата актерка.

Фото: T.JACKSON / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Инаку, седумнаесетгодишниот Хенри минатиот месец го отвори својот инстаграм-профил, но тој е заклучен за јавноста и има помалку од стотина следбеници. Меѓу нив се неговиот татко и многу познати имиња, како што е, на пример, актерката Џенифер Анистон.

Да потсетиме, холивудската ѕвезда и нејзиниот сопруг го добија Хенри во јуни 2007 година, а парот има и близнаци Хејзел и Финеус, родени во ноември 2004 година.

Ова е единствениот филм за кој Џулија Робертс жали што го снимила

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот