Нов инцидент на фудбалските натпревари во Франција/Фото: EPA-EFE/ALEXANDRE DIMOU

ФОТО+ВИДЕО: Прекинато дербито во Франција, Паје погоден со шише во глава!

Дербито на француската фудбалска лига помеѓу Олимпик од Лион и Олимпик Марсеј е прекинат на самиот старт, откако во четвртата минута од мечот фудбалерот на Марсеј, Димитри Паје беше погоден со шише во главата, додека изведуваше корнер.

Главниот судија на оваа средба веднаш го прекина натпреварот, и играчите на двете екипи заминуваа во соблекувалните поради инцидентот.

За среќа, Паје не се здоби со посериозна повреда, му беше укажана лекарска помош на теренот.

Ентони Лопез и Хусем Оар од Лион веднаш ги замолија навивачите да престанат со фрлањето шишиња и разни предмети.

И натаму мечот е во прекин, не се знае и натаму кога официјално би продолжил истиот..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!