Фото: Принтскрин / Јутјуб

ФОТО+ВИДЕО | Прабаба на 15 внуци доби факултетска диплома на 90 години: „Не се откажувајте од вашите соништа“

Мајка на пет деца, баба на 12 и прабаба на 15 внуци доби факултетска диплома на 90-годишна возраст и го оствари својот долгогодишен сон. Анет Роберж од Њу Хемпшир, Америка минатиот месец дипломираше на Универзитетот во Јужен Њу Хемпшир, пишува „Пипл“.

„Тоа е толку нереално. Мислам, знам дека е реално, ја гледам на ѕидот, но тоа е како сè уште да сум во свет на соништата“, изјавила Анет.

Академскиот успех на Роберж е доказ за нејзината посветеност. Откако нејзиниот сопруг починал додека служел во Виетнам во 1970-тите, таа се запишала на универзитетот – но морала да ги одложи студиите поради мајчинството. Таа решила дека приоритет ќе ѝ бидат нејзините пет деца и се посветила на грижата за нив.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

„Треба да имате приоритети. Не би било фер кон нив да ги жртвував. Децата се на прво место, па едноставно реков дека ќе ги ставам студиите на пауза и ќе ги завршам некој ден“, раскажала таа.

Тој ден дошол дури откако Анет зачекорила во десеттата деценија од животот и открила дека има доволно кредити за да добие диплома по деловна администрација. Таа била поканета од универзитетот да присуствува на церемонијата и добила диплома за својот степен на високо образование.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

„Не се откажувајте од вашите соништа. Никогаш, никогаш не сте премногу стари за да учите и ако учите, ќе си ги раширите вашите хоризонти, вашите знаења за она што се случува во светот… Тоа прави подобар свет за вас и за луѓето околу вас“, заклучила Анет.

Покрај нејзиното семејство, исто така и колегите и пријателите на Роберж уживаат во нејзиното достигнување.

Фото: Принтскрин / Јутјуб

„Ние сме неверојатно горди што Анет ја заработи својата диплома за соработник и возбудени сме што ќе продолжиме да сонуваме и учиме покрај неа додека таа продолжува со диплома кај нас“, се вели во соопштението на Универзитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот