
ФОТО+ВИДЕО| Деми Мур повторно го освои црвениот тепих: Впечатливи модни изданија на „Тајм100“ во Њујорк
Њујорк синоќа блескаше во сјајот на светските ѕвезди. Во њујоршкиот центар Линколн се одржа гала забавата на угледното списание „Тајм“, со фокусот на највлијателните луѓе во светот за 2025 година. Престижниот настан „Тајм 100“ не го пропуштија бројни познати имиња од филмската, модна и музичка индустрија, а познатите дами ја искористија пригодата да блеснат на црвениот тепих во најновите модни изданија.
Препорачано
Оваа свечена вечер беше вториот дел од дводневната прослава каде што говореа и присуствуваа некои од највпечатливите имиња од светот на забавата, политиката и иновациите, меѓу кои и војвотката Меган Маркл и актерот Рајан Рејнолдс.
На црвениот тепих продефилираа ѕвездите како Блејк Лајвли, хип-хоп легендата Снуп Дог, тениската икона Серена Вилијамс, како и актерката Деми Мур, која неодамна беше прогласена за најубава жена во светот според магазинот „Пипл“, воедно остави голем посебен впечаток на сите гала настани одржани оваа година. Секој од нив блескаше во впечатливи модни изданија, привлекувајќи внимание.
Во продолжение ви претставуваме дел од нив:
Деми Мур

Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс

Скарлет Јохансон

Снуп Дог

Никол Шерцингер

Серена Вилијамс
