
ВИДЕО | Кобра каснала осумгодишно дете, тоа ѝ возвратило со силен загриз и ја убило
Осумгодишно дете од Индија убило кобра која му се обвиткала околу раката и ги зарила забите во неговата кожа, така што тоа ја гризнало.
Препорачано
Момчето, познато само како Дипак, во понеделникот било нападнато од змија во селото Пандарпад во индискиот централен регион Чатисгар.
Кобрата се закачила за него додека детето си играло пред својата семејна куќа и го обвиткала своето тело околу неговата рака, пред да го гризне за да го вбризга својот смртоносен отров.
Борејќи се со болката, Дипак бесно ја протресол раката, но не можел да се ослободи од змијата. Во тој момент одлучил да возврати со истата мера и ги зарил своите заби во нејзиното тело, успешно убивајќи го животното.
„Змијата се обвитка околу мојата рака и ме касна. Имав големи болки“, раскажал Дипак за „Њу Индиан експрес“.
„Бидејќи влекачот не се помрдна кога се обидов го истресам од раката, двапати силно го гризнав. Сè се случи во еден момент“, додал тој.
Cobra dies after being bitten by eight-year-old boy in India https://t.co/ZsVaI7rlDr
— Daily Mail Online (@MailOnline) November 5, 2022
Каснувањата од змии се исклучително чести во Индија – студија објавена минатата недела открила дека повеќе од 85 отсто од смртните случаи од каснувања од змии забележани во 2019 година се случиле токму во оваа земја.
Плашејќи се за животот на Дипак, неговите родители веднаш го одвеле во најблискиот медицински центар каде бил држен под надзор за да се осигураат дека успешно ќе закрепне.
Со преглед на неговата повреда, лекарите откриле дека се здобил со „сув загриз“, што значи дека кобрата не испуштила отров.
„Дипак не покажа никакви симптоми и брзо закрепна благодарение на сувиот загриз кога змијата отровница ќе касне, но не ослободува отров“, рекол експерт за змии за „Њу Индиан експрес“.