ФОТО+ВИДЕО | Иванка Трамп се пофали како сурфа, па се струполи во водата

Фото: Инстаграм/Иванка Трамп

Иванка Трамп го помина Денот на благодарноста сурфајќи на симулатор за бранови во виолетов костим за капење. Ќерката на поранешниот претседател Доналд Трамп сподели фотографии од своето сурфање на Инстаграм со своите 7,5 милиони следбеници.

На првата фотографија, Иванка совршено се балансира додека стои на симулаторот со широка насмевка на лицето и ја покажува својата затегната фигура во едноделен костим за капење.

Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/Иванка Трамп

На втората фотографија се гледа како Иванка паѓа од даската, а на видеото се гледа како таа успешно маневрира со брановите додека вработен ѝ помага, пружајќи ѝ ја раката.

Иванка Трамп
Фото: Инстаграм/Иванка Трамп

„Мене ми се допаѓа твојот костим за капење“, „Недостасува култура за физичка активност во нашата држава (САД), ти благодарам за тоа што си пример“, „Леле, ова е потешко отколку што изгледа. Браво“, се дел од коментарите.

Ова не е првпат модната дизајнерка да се обиде да сурфа. Во 2021 година, на Денот на мајката, таа беше видена како зема приватен час по сурфање во Мајами со нејзините три деца – 12-годишната Арабела, 10-годишниот Џозеф и 7-годишниот Теодор.

Иванка Трамп (42) и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер (42) го поминаа викендот на Денот на благодарноста со своите деца, а таа во четвртокот на социјалните медиуми објави фотографии од семејното „ноќно капење“.

„Ноќно капење со овие мисирки! Среќен Ден на благодарноста“, напиша таа покрај фотографијата со нејзините деца.

Иванка Трамп со децата
Фото: Инстаграм/Иванка Трамп

Да потсетиме, оваа славна двојка стапи во брак во 2009 година, а во 2021 година купија вила вредна 24 милиони долари, во која и го прославија овој празник.

Која беше Ивана Трамп? Сите ја паметат по славната реченица по разводот од Доналд: Не лути се, земи му сѐ!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот