Пресуда за Вардариште - Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

ФОТОГАЛЕРИЈА | По три години затвор за обвинетите за дивите депонии на Вардариште

На казна затвор од три години се осудени тројцата обвинети од Вардариште кои со години таму создавале диви депонии, каде на крајот на август избувна голем пожар, а месецов протестираа и активистите од „Стоп Вардариште“ кои бараа оградување на дивата депонија, нејзино обезбедување и казни на потпалувачите.

Пресуда за Вардариште – Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Кривичниот суд попладнево ги прогласи за виновни Мајсут Мемиши, Алмир Асани и Флорин Арифи кои на претходното рочиште признаа вина затоа што создале депонија со што предизвикале опасност на здравјето на луѓето и загадување на земјата и воздухот, со откупување на старо железо и други материјали на импровизирани пукнтови без дозвола согласно Законот за управување со отпад, без дозвола и документација за собирање третман и складирање на отпад.

Пресуда за Вардариште – Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Како олеснителни околности ним им се смета тоа што имаат семејства, не се осудувани и не се вработени, додека како отежнителни околности е кривичното дело и влијанието врз животната средина. За ова кривично дело максималната затворска казна е три години.

Пресуда за Вардариште – Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против тројцата на 11 септември, наведувајќи дека од 2020 до септември 2025 година на улицата „Зендел Џемаил“ во Скопје незаконски вршеле дејност за откуп и складирање на старо железо, акумулатори и други метали без дозвола и без регистрирано правно лице.

Пресуда за Вардариште – Слободен печат/Слободан Ѓуриќ

Депонијата се запали на 31 август, а со денови смрди од големиот пожар чии последици уште се чувствуваат низ неколку скопски општини. Кога избувна големиот пожар, од безбедносни причини исклучени беа далекуводите што ги напојуваат со електрична енергија населбите Аеродром и Лисиче и пет часа немааше струја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот