ФОТО | Змија влезе во мензата на студентскиот дом „Стив Наумов“

Вчера попладнето змија влегла во мензата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во населбата Автокоманда во Скопје, објави „Мета“. Редакцијата објави и фотографии кои им ги испратиле студенти сместени во домот, каде се гледа дека змијата е притисната на влезната врата од објектот.

Директорот на Државниот студентски дом Скопје (ДСД Скопје), Виктор Велевски за Мета.мк потврди дека змијата влегла во студентската менза и дека се запознаени со настанот.

Ова не е првпат змија да се појави во овој студентски дом. Поради близината на парк-шумата Гази Баба, во изминативе години во неколку наврати се забележани влекачи во или околу објектите на домот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот