
ФОТО | Жена раскажува за своето хорор љубовно искуство: Ме измами преку Тиндер, сега сум „должна до гуша“!
Многу често се случува кога луѓето запознаваат партнери преку одредени социјални платформи, сликата зад профилот воопшто да не одговара со онаа во реалноста.
Но, во овој случај, се работи за совршено „испраксиран“ ум, во тело на згоден заводник кој успешно „оперирал“ на социјалната платформа за запознавање партнери – Тиндер.
Препорачано
Сесилија Фјелхој ја раскажува сопствената приказна како мажот што го запознала на Тиндер ѝ го уништил животот и ја „заглавил во долгови до гуша“ преку измами.
Сесилија која е по потекло од Норвешка, само неколку месеци по преселувањето во Лондон се чувствувала мошне осамено, па се обидела да ја најде сродната душа на апликациите за состанување. Таа преку Тиндер го запознала Сајмон Левиев кој ѝ се претставил како син на рускиот „крал на дијамантите“ Лев Левиев. Сесилија веднаш паднала на неговиот шарм, но и на луксузот со којшто тој ја опсипувал.
View this post on Instagram
И кога некој од почетокот на запознавањето ќе ве опсипе со внимание и подароци, сигурно ви годи и нема ништо да забележите.
Првиот состанок го закажале во хотелот Four Seasons во Лондон, каде тој дошол заедно со неговиот телохранител. Веднаш ја поканил да оди со него со приватен авион во Бугарија, каде тој наводно имал работен состанок, а таа веднаш прифатила.
„Тој едноставно зрачи со самоверба и импулсивност, не можете, а да не му верувате. Отидовме во Софија, каде останавме една ноќ и тогаш забележав дека има лузни на грбот. Ми рече дека бил во затвор во Јужна Африка откако некои деловни партнери го наместиле, а бил малтретиран од антисемитисти“ – вели таа.
View this post on Instagram
Освен што ја излажал дека е милијардер и дека има многу „зделки“ за кои е задолжен, тој успешно изнудил од неа и многу пари. Таа слепо му верувала, затоа што била вљубена во него, и верувала дека животот му е во опасност.
„Луѓето ми велат дека сум била глупава, но навистина мислев дека нешто лошо може да му се случи“
Кога ја прашал дали сака да живеат заедно, ја задолжил и за плаќање на куќата, притоа ја уверувал дека сето тоа е само позајмица, и дека парите ќе ѝ бидат вратени.
Но, таа не ги добила парите дури ни по три месеци. Тој ѝ пратил и фотографија во која ја излажал дека доживеал напад и му требаат пари.
Овој пат, Сесилија подигнала кредит од 18.500 фунти и заминала во Холандија да му ги даде парите.
За тоа време, Сајмон чие вистинско име е Шимон Хајут, ги трошел парите на патувања низ Европа.
Кога веќе долговите на Сесилија кон банката почнале да се трупаат, а неговите ветени повратни долгови не се регулирале, банката веќе реагирала. Сајмон бил под истрага и полицијата открила дека на сличен начин измамил уште неколку жени.
„Кога се освестив сфатив дека сум во долгови до „гуша“ и во депресија. Тој успеа да ми го уништи животот за само 6 месеци врска“.
На фотографиите каде што се заедно, Сесилија изгледа навистина вљубено и среќно, а партнерот гордо позира со неа, иако за него таа била само уште еден „џек пот“.
View this post on Instagram
Најновиот документарен филм на Netflix, The Tinder Swindler ја следи вистинската приказна на три жени: Сесилија Фјелхој, Пернила Сјохолм и Ајлин Шарлот кои биле жртви на измама на Израелецот Шимон Хајут, кој лажно се претставувал како милијардерот Сајмон Левиев на Тиндер.