Фото: Принтскрин / Редит

ФОТО | Жена купила обетки за 3 долари во продавница за половна облека: Се шокирала кога открила дека се од луксузниот бренд „Шанел“

Kолекционерка на винтиџ накит пронашла обетки во продавница за половна облека за само 2,71 долари, а подоцна се шокирала кога открила дека се работи за старо модно парче од „Шанел“ вредно околу 750 долари.

Воодушевена од своето откритие, таа ја сподели приказната на „Редит“, каде што предизвика голем интерес и бројни реакции.

„Постојано ги ставав овие обетки настрана и ги земав повторно. Ми се чинеше малку апсурдно. На крајот ги држев до различни извори на светлина во продавницата, сигурно изгледав сомнително, ги допирав со ноктот за да го проценам материјалот преку звук и повторно ги испитував. Решив дека за неколку долари вреди да се истражува дополнително“, напишала таа.

По купувањето побарала стручен совет и посетила трговец со антички накит. Експерт за антички и винтиџ накит брзо ја потврдич автентичноста.

„Погледнаа во едната обетка и рекоа: ‘Да, во право си, одлично откритие’. Тие сјаат под различни светла. Тие се извонредни и, за мене, дел од модната историја“, открила таа.

Иако е искусен колекционер и продавач на винтиџ накит, таа призна дека на почетокот се сомневала во автентичноста на овој пар.

Според „Џенифер Гибсон џулери“ во 1960-тите Коко Шанел соработувала со венецијанскиот уметник Архимед Сегус за да создаде уметнички дела направени од стакло погодни за носење. Дополнителните истражувања кои таа ги спровела откриле богато наследство зад обетките.

„Учењето за семејството Сегусо и нивната неверојатна традиција на производство на стакло, која датира од крајот на 14 век, беше прекрасно“, заклучила таа.

Paid $2.71 for earrings that turned out to be vintage Chanel / Seguso Murano glass
byu/DanyeelsAnulmint inThriftStoreHauls

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот