
ФОТО | „Жалиме за недоразбирањето“: „Зара“ ги избриша фотографиите по критиките дека алудираат на страдањата во Газа
Од модниот бренд „Зара“ денеска изјавија дека „жалат за недоразбирањето“ по острите критики на социјалните медиуми дека нивната рекламна кампања „Јакна“ („Jacket“) алудира на војната во Газа.
Препорачано
Пропалестинските активисти повикаа на бојкот на брендот, коментирајќи дека куклите со бели чаршафи и скулптурите без екстремитети во рекламата алудираат на трупови во Газа.
Корисниците на социјалните медиуми коментираа дека скршениот бетон алудира на уништените згради во Газа, а на една фотографија забележале и дел од камен во форма на територијата на Палестина.
ZARA has recently initiated an ad campaign that exploits the Israeli genocide in Gaza to promote their fashion products.
This deliberate choice aligns with Zara’s past support for Israeli extremism, leading to a boycott by socially-conscious Israelis last year.#Boycottzara pic.twitter.com/k7sFyiT1Lo
— PALESTINE ONLINE ?? (@OnlinePalEng) December 10, 2023
Од „Зара“ соопштија дека фотографиите се избришани. Според нив, идејата за кампањата била смислена во јуни, а фотографиите биле направени во септември, пред почетокот на војната – 7 октомври.
Оттаму додаваат дека скулптурите претставуваат недовршени дела во ателјето на скулпторот, со цел да се прикаже занаетчиското производство на облека во уметнички контекст.
„За жал, некои клиенти се почувствуваа навредени од овие фотографии, кои сега се отстранети, и на нив видоа нешто што беше далеку од она што беше првичната идеја кога беа направени“, стои во нивното соопштение, објавено на Инстаграм.

Тие жалат за недоразбирањето и ја изразија својата „длабока почит кон сите“.
„Зара“ е првиот западен бренд кој направи ваков драстичен чекор по критиките.