Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ / Фото: ЈО

ФОТО | Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани го започна увидот по пожарот што ја зафати фабриката „Макпрогрес-Винчини“ во Виница.

Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ / Фото: ЈО

-Увидните дејствија ќе продолжат и во следните денови, бидејќи во дел од магацините за суровини и готови производи се уште има жаришта кои тлеат – соопшти Јавното обвинителство.

Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ / Фото: ЈО

За заштита на плинската станица, која не беше зафатена од огнот, се поставени противпожарни возила.

Во текот на утрешниот ден на увид ќе биде повикано и вешто лице – електроинжинер.

Започна увидот во опожарената фабрика „Макпрогрес“ / Фото: ЈО

Дополнително, обезбедени се снимки од видео надзор, а се преземаат и други дејствија за целосно испитување на настанот.

ВИДЕО | Скротен е огнот во фабриката „Винчини“, пожарникари ги изгореле стапалата – чизмите им останале во врелиот шеќер

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот