Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

ФОТО | Времето лета, таа не старее: Познатата убавица изгледа двојно помладо во оваа добитна комбинација

Хали Бери блесна во едно од своите неверојатни изданија и покажа дека и кон крајот на шестата деценија зазема високо место на списокот на најубави жени во Холивуд.

Сите очи беа вперени во 58-годишната актерка на промотивниот настан Амазон МГМ Студио 2025 (Amazon MGM Studios CinemaCon 2025) во Лас Вегас. Ѕвездата од филмот „Топката на чудовиштето“ (Monster’s Ball) изгледаше двојно помладо во провокативната комбинација so која го привлече вниманието.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Таа за овој свечен настан избра атрактивна црна комбинација за која жените велат дека е непогрешлива. Станува збор за проѕирен црн корсет со интересни детали кои не ѝ дозволи на холивудската ѕвезда да открие премногу, а одлично го истакна нејзиното деколте.

Корсетот го спои со структуриран црн блејзер и црно макси здолниште со голем шлиц напред кој ги истакна нејзините негувани и витки нозе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот