ФОТО | Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ се вери на Занзибар: „Кога ќе си ја најдеш сродната душа…“

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Македонската водителка Ведрана Ѓорѓевиќ и нејзиниот долгогодишен партнер, диџејот и продуцент Ендру Мелер (чие вистинско име е Андрија Антиќ), се верија на зајдисонце на Занзибар.

Фото: Инстаграм/Ведрана Ѓорѓевиќ

Тие овој романтичен момент го споделија на своите инстаграм-профили преку фотографија, каде Андрија е клекнат на колено со прстен во раката.

Фото: Инстаграм/Ведрана Ѓорѓевиќ

„Кога ќе си ја најдеш сродната душа…Само е прашање на време“, пишува покрај фотографијата.

По објавата, парот доби многу честитки од пријателите и бројни наши јавни личности.

Инаку, Ведрана и Андрија веќе неколку дена уживаат на Занзибар, откако периодов патуваа низ цела Европа поради настапите на диџејот.

Фото: Инстаграм/Ведрана Ѓорѓевиќ

ФОТО+ВИДЕО | Рајот на земјата: Ведрана Ѓорѓевиќ ужива со своето момче на Бали

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот