Фото: EPA-EFE/ANDRE PAIN

ФОТО | Во проѕирна ленена кошула, Ева Лонгорија покажа како изгледа за својот јубилеен 50-ти роденден

Актерката Ева Лонгорија денеска го слави својот 50-ти роденден, а по повод на својот Инстаграм сподели серија фотографии на кои самоуверено позира во бела ленена кошула која е речиси проѕирна.

Во описот на објавата таа напиша:

„Ова се 50-тите“, а нејзиното роденденско издание наиде на голем број позитивни реакции, како кај колегите, така и кај бројните обожаватели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Longoria Baston (@evalongoria)

Нејзината објава за кратко време собра над 150.000 лајкови.

„Сигурна и сензуална. Најважно е да се чувствуваш удобно во своја кожа“, „Секоја година стануваш подобра и поубава“, „Никогаш 50-тите не изгледале подобро“, „Ти си најубавата жена на светот“, беа само дел од коментарите под нејзината објава.

За потсетување, откако Доналд Трамп победи на претседателските избори, Ева Лонгорија објави дека се иселува од САД. Во таа прилика изјави дека таа и нејзиното семејство ќе бараат подобар живот во Мексико и Шпанија.

Ева и сопругот Хозе Бастон го имаат шестгодишниот син Сантијаго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!