Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Во јули ќе наполни три години: Хана Хуљиќ Грашо објави фотографија од ќерката Алба, еден детаљ привлече внимание

Хана Хуљиќ Грашо, сопруга на хрватскиот пејач Петар Грашо, објави на својата инстаграм-приказна фотографија од нивната ќерка Алба, која го слави својот трет роденден во јули. Фотографијата е направена во училиштето за странски јазици во Сплит, каде што малата Алба посетува курс по англиски јазик. Вниманието го привлече нејзината фризура со плетенка што ги воодушеви следбениците.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Алба е првото дете на Хана и Петар, кои се венчаа во февруари 2022 година во црквата „Свети Доминик“ во Сплит. Нивното второ дете, синот Тони, се роди кон крајот на октомври минатата година.

Во интервју за хрватски „Стори“, Хана искрено проговори за мајчинството и предизвиците што ги носи одгледувањето на две мали деца.

– Со моето второ дете, сум малку попаметна, затоа што научив дека е во ред ако го оставам малку на чување. Но, не беше лесно со првото девојче. Постојано имав грижа на совест ако не бев со неа. И тогаш сфатив дека никогаш навистина не можам да се ослободам од тие грижи за совеста. Сега премина во тоа што, ако сум со едното, можеби не сум доволно со другото – искрено раскажала Хана.

Таа додала и дека, и покрај сите обврски, се обидува да најде време за себе.

– Имам потреба да одам некаде сама и да направам нешто за себе барем еднаш неделно – заклучила Хана.

Да потсетиме, Хуљиќ и Грашо ја добија Алба во јули 2022 година. Двојката се венча во февруари истата година на интимна церемонија во кругот на најблиските пријатели и семејството. Кон крајот на октомври 2023 година, го добија своето второ дете, синот Тони, кој го доби името по дедото на Петар.

ФОТО | Хана Хуљиќ објави ретка фотографија со ќерка ѝ: Малечката Алба имаше симпатичен костим за 1 Април

Јелена Розга изненади со детаљ за Петар Грашо: Една шега нѐ потсетува што поминавме заедно овие 28 години

ФОТО | Петар Грашо ѝ купил на Хана Хуљиќ стан од 200.000 евра: Пејачот и неговата сопруга уживаат во луксуз

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот