Фото: Инстаграм/Викторија Бекам/Дејвид Бекам

ФОТО | Викторија и Дејвид Бекам слават годишнина: Вака изгледале во 1999 година

Пејачката Викторија Бекам и поранешниот фудбалер Дејвид Бекам денеска ја прославуваат 24-годишнината од нивниот брак.

Познатата двојка го изговори судбоносното „да“ на денешен ден во 1999 година, во замокот Лутерстоун, во Ирска. Оваа венчавка привлече големо внимание кај јавноста, со оглед на тоа што Викторија беше членка на најпозната женска група „Спајс грлс“, а Дејвид беше надежно име во фудбалскиот свет.

По овој повод, Викторија објави неколку заеднички фотографии со нејзиниот сакан партнер.

„Сè уште се држиме за раце и се смееме (сега се смеам со тебе, не за тебе). Те сакам многу“, напиша таа во описот.

Фото: Инстаграм/Викторија Бекам

Од друга страна, пак, Дејвид сподели нивна фотографија од 1999 година.

„На денешен ден, во 1999 година. Најдобрата сопруга, најдобрата мајка и најдобрата партнерка за забавување. Среќна годнишнина, те сакам“, ѝ порача тој на својата сопруга.

Фото: Инстаграм/Дејвид Бекам

Како потсетување, Викторија (тогаш Адамс) и Дејвид Бекам се запознаа на хуманитарен фудбалски натпревар во 1997 година.

По една година состанување, тие ја објавија нивната веридба, а нивното прво дете го добија во март 1999 година. Неколку месеци подоцна, на 4 јули 1999 година, Викторија и Дејвид Бекам стапија во брак.

Тие имаат четири деца – синовите Бруклин (24), Ромео (20) и Круз (18) и ќерката Харпер (12).

Дејвид и Викторија Бекам со синовите во 2010 година / Фото: EPA/Nick Wilkinson

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!