Анси, Франција - Фото: Flickr

ФОТО+ВИДЕО | „Венеција на Алпите“: Француски град од бајките за кој малкумина слушнале

Францускиот град Анси, сместен во близина на швајцарската граница, го добил прекарот „Венеција на Алпите“ благодарение на неговото добро зачувано средновековно јадро испресечено со канали и камени мостови. За разлика од другите градови во Франција, за Анси ретко се слуша.

Анси, Франција – Фото: Flickr
Анси, Франција – Фото: Flickr

Многу луѓе минуваат низ главниот град на Горна Савоја на пат кон фенси скијачки градови како Шамони и Межев, како и езерото Анси, чија надреална нијанса на тиркизна боја е толку волшебна што го инспирирала Пол Сезан. Сепак, Анси е сè уште скриен бисер и не е тука за многу туристи.

„Иако Франција е најпосетуваната земја во светот, повеќето луѓе всушност не патуваат подалеку од Париз. Анси е совршен пример за дестинација што Французите ја сакаат, но туристите често ја занемаруваат“, рече Марк Бонте од туристичката агенција „Френч Сајд Травел“.

Париз се смета за главен град на гастрономијата, но областа на езерото Анси стана езеро со најмногу Мишелин ѕвезди во Европа благодарение на Франк Деруе од „Ле Клос де Сенс“ и Жан Сулпис од „Л’Оберж ди Пере Биз“. И двајцата користат локални состојки во своите јадења, што им дава посебен шарм на нивните јадења.

„Савоја има сè што луѓето го сакаат кај Швајцарија – планини, алпски сирења и кристално чисти езера, но по многу пониска цена“, вели париската туристичка блогерка Кетрин Даун.

Анси, Франција – Фото: Flickr
Анси, Франција – Фото: Flickr

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот