
ФОТО+ВИДЕО | Серена Вилијамс ја доби наградата за модна икона: Првата спортистка што ја освоила
Американската асоцијација на модни дизајнери (CFDA) ѝ ја додели на Серена Вилијамс наградата за модна икона, пренесува магазинот „Пипл“.
Препорачано
Вилијамс е една од најуспешните тенисерки досега, а исто така е и претприемач, дизајнер, а сега и модна икона.
Во понеделникот вечерта, таа ја прими наградата за модна икона на модните награди „CFDA Fashion Awards“, со што стана првата спортистка што ја освоила наградата.
Таа на црвениот тепих дојде во тесен црн фустан дизајниран за неа од Том Браун. Креацијата вклучувала и црни ракави, а Серена комбинацијата ја комплетирала со дијамантски накит.

„Уште како мало девојче, ја користев модата како начин да се изразам. Модата ми даде самодоверба да излезам на теренот и да бидам тоа што сум и да знам каде сакам да одам. Неверојатно ми е чест да примам престижна награда од организација на чија работа долго се восхитувам и дека стојам меѓу стилските икони на кои отсекогаш ми биле пример“, изјави Серена на почетокот на минатиот месец кога дозна дека ќе ја добие наградата.
Претседателот на CFDA, Том Браун, ја нарече „краен пример за индивидуалност во сè што прави“.
„Серена е една од најинспиративните луѓе во светот. Таа е спортска икона, таа претставува величина на највисоко ниво. Таа е врвен пример во сè што прави“, рече тој.
Претходните години наградата за модна икона ја добија Бијонсе, Наоми Кемпбел, Лени Кравиц, Зендаја, Џенифер Лопез, Франка Созани, Фарел Вилијамс и Ријана.
@serena on my way! #cfdafashionawards #fashion #fashiontiktok #cfda #newyork #fyp #trecool #thombrowne #momsinthewild #momsnightout #letsdance ♬ Hooligang – Joey Valence & Brae
ФОТО+ВИДЕО | Бремената Серена Вилијамс го откри полот на нејзиното второ бебе