Фото: Инстаграм/wanderlust_samoyed

ФОТО+ВИДЕО | Пресладок самојед е ѕвезда на Инстаграм: Патувал во 36 земји

Додека некои кучиња не поднесуваат возење со автомобил, има и такви, кои се вистински авантуристи и едвај чекаат нови патувања. Меѓу нив е и шестгодишниот самојед Феликс, кој патувал во 36 земји со своите сопственици Хулио и Свен.

Феликс и неговото семејство живеат во северна Германија и патуваат низ Европа со нивното камперско комбе наречено Дејзи. Моментално се во Италија, а авантурите на Феликс можете да ги следите на Инстаграм профилот @wanderlust_samoyed.

Фото: Инстаграм/wanderlust_samoyed

Феликс го следат повеќе од 700.000 луѓе и под неговите објави вообичаено има безброј коментари кои се полни со љубов и восхит за преслаткиот самојед.

„Го сакам“,
„Преслатко“,
„Ова куче патува повеќе од некои луѓе“,
„Прекрасен е“,
„Му завидувам“, се само некои од вообичаените коментари на објавите на Феликс.

Фото: Инстаграм/wanderlust_samoyed
Фото: Инстаграм/wanderlust_samoyed
Фото: Инстаграм/wanderlust_samoyed

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот