ФОТО+ВИДЕО | Метеорит падна на средина на патот во Велика Британија: Има траги од материја во себе уште од создавањето на Сончевиот систем!

Имено, станува збор за јаглерод хондрит, материјал кој содржи непроменета хемиска структура од формирањето на Сончевиот систем пред 4,6 милијарди години.

Каменот тежи скоро 300 грама, а има и други парчиња вселенска карпа кои се лоцирани откако научниците ја реконструираа траекторијата на огнената топка што го проби звучниот ѕид нешто пред 22 часот по британско време, во недела на 28 февруари.

Научниците од природно-историскиот музеј во Лондон потврдија дека црно парче карпа, јаглероден хондрит што никогаш порано не бил виден во Велика Британија, удрил на пат во близина на градот Викомб, а во близина биле пронајдени повеќе фрагменти.

Ешли Грин, научничка од музејот, изјави дека и се остварил сонот да биде една од првите луѓе што го виделе и проучувале овој многу редок метеорит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот