Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ karleusastar

ФОТО + ВИДЕО | Карлеуша направи спектакл во Скопје: Ја отпеа „Бисер балкански“ со македонското знаме

Поп дивата Јелена Карлеуша синоќа, одржа спектакуларен концерт пред преполната сала Јана Санденски во Скопје и уште еднаш докажа зошто ја нарекуваат „мајка на сцената“.

Концертот го започна динамично, изведувајќи ја песната „Karlyb*tch“, што предизвика ентузијазам кај публиката која од првиот такт пееше заедно со неа, подигнувајќи ја атмосферата на повисоко ниво.

Таа без придружба ја отпеа и познатата песна „Бисер балкански“, која предизвика лавина емоции кај публиката во преполната арена. Јелена го рашири и знамето на Македонија, кое цело време го бакнуваше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs)

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ karleusastar
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ karleusastar
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ karleusastar
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ karleusastar
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ karleusastar
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ karleusastar
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ karleusastar
Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ karleusastar

 

Како и на секој концерт, така и овде на публиката ѝ подари буквално сѐ, па ги промени стајлинзите, но имаше и специјални реквизити за сцената.

Арената беше преполна до последното столче, околу 6.000 луѓе дојдоа да ја слушаат поп дивата, која напорно работеше во претходните недели за да го подготви овој концерт.

Јелена се заблагодари на својата верна публика во Македонија и на социјалната мрежа Инстаграм, каде објави фотографија од настапот и порача: „Те сакам Македонијо“!

– Луѓе, ви благодарам што ми го подобривте животот! Никогаш нема да ве заборавам! Ви благодарам за најубавата вечер во мојот живот – им порача ЈК на воодушевените обожаватели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот