
ФОТО + ВИДЕО | Измолзела 1.600 литри мајчино млеко: Мајка на три деца влезе во Гинисовата книга на рекорди
Американката Елизабет Андерсон-Сиера од Алоха, Орегон го држи Гинисовиот рекорд за најголем донатор на мајчино млеко. Досега донирала дури 1.599 литри.
Препорачано
Елизабета е позната како „божица на млекото“. Таа несебично го донирала своето млеко на илјадници деца и спасила животи на предвремено родените бебиња, пишува „Дејли стар“ (Dailystar).
Оваа мајка на три деца има синдром на хиперлактација – состојба во која доаѓа до прелевање на мајчиното млеко во прекумерни количини поради зголеменото производство на млеко.
Таа го доела своето прво дете и вели дека тоа не било доволно за да и ги испразни градите, па токму пред да го нахрани своето бебе, користела пумпа за гради неколку пати на ден за вишокот млеко.

Во текот на изминатите девет години, Елизабет донирала над 15.000 дози млеко на семејствата во Орегон и ширум светот.
Донира и на многу мајки кои не можат да дојат.
„Тоа се позитивните страни и причината поради која продолжувам да го правам тоа што го правам“, вели Елизабет.
Елизабет соработувала и со компанија која произведува пумпи за гради за да им го олесни доењето на мајките. Користењето на мобилна пумпа ѝ го олеснило животот. Таа троши околу пет часа дневно измолзувајќи млеко и покрај непријатноста од редовното молзење, Елизабет е горда на она што може да го направи за другите.
Таа вели дека не дозволува мајчиното млеко да се фрли – сето тоа е или искористено или донирано. Сепак, таа вели дека на крајот би сакала да престане и размислува за мастектомија – отстранување на градите.