
ФОТО + ВИДЕО | Избрана новата Мис Универзум 2023: Убавицата од Никарагва има 23 години и завршен факултет
Мис Универзум 2023 е Шејнис Паласиос од Никарагва.
Препорачано
23-годишната убавица пораснала во главниот град на Никарагва и ова не ѝ е прв избор за убавина. Имено, таа победи и на Мис Тин Никарагва 2016 и Мис на светот Никарагва 2020. Таа исто така се пласираше меѓу најдобрите 40 на изборот за Мис на светот 2021. Паласиос студирала масовни комуникации на Централноамериканскиот универзитет во Манагва, а исто така била членка на универзитетскиот одбојкарски тим, според „Харперс Базар Арабија“ (Harpers Bazaar Arabia).

Натпреварот за Мис Универзум се одржа во Ел Салвадор, а се натпреваруваа 85 кандидатки. Оваа година две трансродови кандидатки стигнаа до финалето, што се случи за прв пат во историјата. Тоа се Мис Португалија, стјуардесата Марина Мачете и Рики Коле, која е првата трансродова мис на Холандија. На публиката ѝ беше претставена и Мис Непал, која влезе во историјата како прва „плус сајз“ кандидатка.


„JKN Global Group“, организацијата која стои зад изборите, поднесе барање за стечај само неколку дена пред финалето. Ова се случи набргу по бројните контроверзии кои се појавија токму поради вклучувањето на трансродовите кандидати.
MISS UNIVERSE 2023 IS @sheynnispalacio !!!! ???@mouawad #72ndMISSUNIVERSE #MissUniverse2023 pic.twitter.com/mmR90DJ16m
— Miss Universe (@MissUniverse) November 19, 2023
Тајландската милионерка и активистка Ен Јакрајутатип од „JKN Global Group“ ја купи компанијата која организира избори за 20 милиони долари во 2022 година. Но, само една година подоцна се случија првите финансиски проблеми и на крајот прогласија стечај.
Но, и покрај ова веднаш нагласија дека изборот ќе се одвива според планираното.