Фото: Profimedia/EPA

ФОТО + ВИДЕО | Хари, Зејн, Луис и Најл скршени од болка пристигнаа на погребот на Лијам Пејн

Сѐ е подготвено за последното збогување на пејачот на „Уан дајрекшн“, Лиам Пејн. Пред вратата на црквата стојат чувари, а преку улицата се собираат бројни обожаватели кои оставаат пораки, цвеќиња и свеќи за трагично загинатиот пејач.

Меѓу првите кои се појавија беа Хари Стајлс и Луис Томлинсон, членови на „Уан дајрекшн“. Недолго потоа се појавија и Зејн Малик и Најл Хоран.

Хари, Најл, Зејн и Луис пристигнаа одделно во црквата, што се смета дека е нивна прва заедничка средба како група од нивниот последен концерт во 2015 година.

На погребот е и неговата девојка Кејт Кесиди која беше со него во Аргентина. Со неа дојде и синот на актерката Елизабет Харли, Демијан.

Пристигна и Сајмон Кауел, човекот кој ги состави „Уан дајрекшн“, бендот кој им донесе светска слава на Лијам и на момчињата. Тој дојде со својата партнерка Лорен Силверман.

Кога сите влегле во црквата, ковчегот на Лиам Пејн бил донесен во бела кочија со два цветни аранжмани, од кои на едниот пишувало „тато“, а на другиот „син“.

Фото: Raw Image / Goff Photos / Profimedia
Foto: Justin Goff / Goff Photos / Profimedia
Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Фото: Justin Goff / Goff Photos / Profimedia
Фото: Stephen Lock / Zuma Press / Profimedia
Фото: Jonathan Brady / PA Images / Profimedia
Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

За приватност на гостите на задниот влез во црквата е поставен бел шатор, а поради големиот број новинари пред црквата се поставени метални бариери.

Од самиот почеток се знаеше дека меѓу гостите ќе бидат сите негови поранешни колеги од бендот – Зејн Малик, Ниал Хоран, Луис Томлинсон и Хари Стајлс. Поради збогувањето со Лијам, Зејн одложи два настапи и им кажа на фановите дека тоа е поради „непредвидени околности“. Се очекува и неговата поранешна партнерка Шерил Кол, со која го добија синот Бер.

Пејн трагично загина на 31-годишна возраст на 16 октомври, откако падна од балкон на хотел на третиот кат во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес. Само семејството и најблиските пријатели на Лиам ќе можат да присуствуваат на погребот, кој се одржува во неговиот роден град.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот