
ФОТО+ВИДЕО | Џулија Фокс, поранешната на Канје на афтер-забавата на Оскарите носеше целосно проѕирен фустан
Џулија Фокс синоќа го привлече вниманието со нејзиниот моден избора на годишната забава на „Венити фер“ по доделувањето на Оскарите. Фокс смело прошета на црвениот тепих во целосно проѕирен фустан во боја на кожа. Целокупниот впечаток дополнително го нагласија праменчињата кафеава коса обликувани во бранови, кои делумно ги покриваа нејзините интимни делови од телото.
Препорачано
View this post on Instagram
„Венити фер“ објави видео од Џулија во фустан, а не недостигаа реакции. „Добра идеја, лоша изведба“, „Кринџ“, „Овој фустан ме потсетува на одвод за туширање“, „Светот дефинитивно се претвора во циркус“, се само дел од коментарите.

Да потсетиме, Фокс накратко беше во врска со раперот Канје Вест. Во интервју за Тајмс, таа рече дека се кае поради тоа. “Го мразам. Беа само неколку недели, но тоа беше доволно да ме обележи до крајот на мојот живот. Бев во веројатно најнепријатната положба во мојот живот и тоа кажува многу. Не сакам да бидам позната по тоа што сум нечија девојка”, додала таа.
Фокс и Вест ја започнаа својата врска на Нова Година 2021 година, а таа траеше до Денот на вљубените 2022 година. Нивната романса дојде откако Вест се раздели од поранешната сопруга Ким Кардашијан во 2021 година.
„Не беше моја идеја да излезе во јавност. Ако нешто, реков „треба да почекаме“, а потоа бум, ми излезе во јавност зад грб. Многу брзо сфатив дека ме користат како пион“, рече таа.