Вандализирана градинка во Бутел / Фото: Фејсбук / Дарко Костовски

ФОТО: Вандали искршиле нова, сè уште неотворена градинка во Бутел

Градоначалникот на скопската општина Бутел, Дарко Костовски, на „Фејсбук“ објави фотографии од вандализираната градинка во населбата, која треба да биде отворена во септември.

Вандализирана градинка во Бутел / Фото: Фејсбук / Дарко Костовски
Вандализирана градинка во Бутел / Фото: Фејсбук / Дарко Костовски

„МВР веќе има лоцирано осомничени лица, за многу скоро очекувам остра и брза акција. Одговорност и кривични пријави согласно закон. Направена е голема штета во новата градинка во Бутел 1, истата е во план да се пушти во употреба во месец септември 2025 година. Особено е осетливо тоа што станува збор за градинка, таму каде што треба да бидат згрижени нашите најмили. Општина Бутел доживува ренесансен период, се гради како никогаш до сега ! Од таму АПЕЛИРАМ, не да уништуваме, туку напротив, да го чуваме тоа што го градиме макотрпно со нашите заеднички пари. Искрено се надевам дека позади овој случај нема политика! Во Општина Бутел се градат две нови детски градинки, нешто што не се случило никогаш во толку кус период“, пишува Костовски, кој објави фотографии од оштетената градинка.

Вандализирана градинка во Бутел / Фото: Фејсбук / Дарко Костовски
Вандализирана градинка во Бутел / Фото: Фејсбук / Дарко Костовски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот