Здравко Чолиќ со ќерката Уна / Фото: Принтскрин/Инстаграм

ФОТО | Уна Чолиќ летува во омиленото одморалиште на Тито: Друштво ѝ прават 10 години постарото момче и татко ѝ Здравко

Уна Чолиќ, ќерката на легендарниот пејач Здравко Чолиќ, е мошне активна на социјалните мрежи каде што често покажува детали од својот приватен живот.

Уна сега се наоѓа на едно прекрасно место, во моментот е на одмор во Хрватска, поточно на Бриони, од каде што објавува фотографии.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Друштво ѝ прави нејзиното 10 години постаро момче, но како што се шпекулира и нејзиниот татко, Здравко Чолиќ, и мајката, Александра.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

– Уна ја видовме со нејзиното момче, не знаеме кој е тој бидејќи никогаш не го покажала јавно, но цело време пловеа и шетаа низ целиот комплекс. Таа фотографираше и галеше животни. Во еден момент, ги видовме Здравко и неговата сопруга во ресторанот. Сигурно сите се тука заедно, иако пријателите кои се тука подолго ми кажуваат дека Чола доаѓа на неколку дена секое лето, вели изворот за српски „Блиц“ и додава:

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

– Сигурно таа ќе остане подолго, а Здравко мора да продолжи понатаму поради настапот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Иако Уна не сакала да споделува фотографии од своето семејство и партнерот, објави неколку снимки од омиленото одморалиште на Тито.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тие ја посетиле и тамошната Зоолошка градина, попозната како Сафари парк, а Уна на Инстаграм објави и фотографии од животните.

ФОТО | Бујното деколте во преден план: Ќерката на Чолиќ позира со црвен кармин и провокативна модна комбинација

Здравко Чолиќ пеел на свадба и им забранил на гостите да му приоѓаат: Земал огромна сума за настап од 45 минути

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот