Фото: EPA/JAN WOITAS

ФОТО | Ученик во Германија избол наставник во стомакот, полицијата го застрелала при апсењето

Ученик нападнал наставник со нож утрово во училиште во германскиот град Есен и го избол во стомакот, а полицијата го застрелала при апсењето, објави Ројтерс.

Додека наставникот добивал прва помош на местото на настанот пред да биде пренесен во болница, бројни полициски службеници биле распоредени да го пребаруваат училиштето и градот по осомничениот, објави Скај њуз.

Фото: Икс / upuknews

Набргу по 11:15 часот, истражителите го лоцирале тинејџерот кој извадил нож додека полицајците се обидувале да го уапсат, соопшти полицијата во Есен.

Полицијата употребила огнено оружје за да го сопре и уапси 17-годишното момче кое, исто така, било однесено во болница, се наведува во полициското соопштение.

Фото: Икс / upuknews

Јавноста била предупредена да ја избегнува улицата Блихерштрасe во градот, додека траела полициската операција.

Германскиот весник „Билд“ претходно објави дека не е јасно дали и други лица биле повредени во нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот