
ФОТО | „Три дена во Венеција“: Каролина Гочева и Михаил Корубин го посетија 60. Биенале на уметноста
Вчера започна јубилејното 60. издание на Биенале на уметноста во Венеција, која во наредните месеци ќе биде центар на меѓународниот уметнички свет.
Препорачано
Македонската пејачка Каролина Гочева (43) и нејзиниот сопруг, уметникот Михаил Корубин (38), отпатуваа во овој прекрасен лагунски град за да присуствуваат на овој значаен настан за сите љубители на уметноста.
„Три дена во Венеција и три годишни времиња“, напиша Гочева во описот на фотографиите од ова нејзино патување, на кое уште еднаш покажа дека е вистинска модна икона со своите одлични модни комбинации.





Меѓу другото, Гочева и Корубин ја посетија изложбата „Помеѓу надеж и страв“ на македонската претставничка на 60. Биенале на уметноста, уметницата Славица Јанешлиева.
„Проектот е дводелна просторна инсталација во која Јанешлиева гради (авто)поетична лирска метафора поттикната од ехо на чувства од издвоен лик од басната ‘Грдото пајче’ на Х. К. Андерсен, сопоставувајќи засебна релациска целина од слики – огледални рефлексии, надградени со истовремено во живо снимени и проектирани слики – аголни визури на сопствениот лик – фигури пред огледалaта надополнето и со позната детска мелодија од американските ’40 – ’50 години на минатиот век, во духот на басната употребена во претходната односна целина, воспоставувајќи илустративност на бивањето на поединецот странец или не, во најширока смисла на зборот“, соопштија од македонското Министерство за култура во моментот кога ја избраа Јанешлиева како наш преставник.