Фото: Инстаграм/Викторија Бекам/Никола Пелц

ФОТО | Тетоважа „те сакам“, илјада и една роза и стари фотографии: Бекамови го прославија Денот на вљубените

Бекамови не пропуштаат да ги одбележат важните датуми од нивната животи. Викторија и Дејвид секогаш јавно ја искажуваат љубовта еден кон друг, а тоа го пренесуваат и на нивните деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)


По повод Денот на вљубените, 48-годишната дизајнерка и 47-годишниот поранешен фудбалер објавија фотографии направени на почетокот од нивната романса.

„И по 26 години, сé уште си мој Валентин. Те сакам многу. Бакнежи“ – напиша Викторија на својот инстаграм – профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

По Викторија и Бекам сподели стара фотографија од семејниот албум.

„Среќен Валентин на мојата Валентин. Те сакаме“ – напиша фудбалерот.

Викторија и Дејвид започнаа да се состануваат во 1997 година, а стапија во брак две години подоцна. Тие заедно имаат четири деца: 23-годишниот Бруклин, 20-годишниот Ромео, 17-годишниот Круз и 11-годишната Харпер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @brooklynpeltzbeckham

Бруклин Бекам, најстариот син на Дејвид и Викторија, ја славеше љубовта и овој празничен ден со сопругата Никола Пелц. Бруклин ја изненади својата сакана со огромно срце направено од црвени рози.

„Среќен ден на вљубените! Најдобар начин да се разбудите! Те сакам најмногу!! Многу сум среќна што те имам вечно за себе!“ – напиша Никол споделувајќи фотографија од Бруклин со подарокот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ?????? (@nicolaannepeltzbeckham)

„Среќен Ден на вљубените на мојата вечна љубов. Јас сум најсреќниот човек што те имам како моја Валентин секоја година – засекогаш“ – напиша Бруклин на Инстаграм споделувајќи селфи со Никола.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

Ромео, вториот син на славниот пар, објави романтични фотографии со својата девојка Мими со кои парот го одбележа Свети Валентин.

Фото: Принтскрин – Инстаграм

По повод најљубовниот ден во годината Ромео направи и нова тетоважа неговата, а сакана ја сподели фотографија. На тетоважата пишува „Те сакам“.

ФОТО | Снаата на Бекамови слави роденден: Викторија испрати честитка до Никола Пелц

Синот на Дејвид Бекам потпиша за клуб од Премиер лигата

ФОТО+ВИДЕО | Бекам скокаше ограда за да избега од фановите на дебито на неговиот син

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот