
ФОТО | „Тејст атлас“: 100 најдобри јадења со грав во светот, македонското тавче-гравче е на 23 место
Популарниот портал за гастрономска храна и патувања „Тејст атлас“ (Taste Atlas) објави листа на 100 најдобри јадења со грав во светот. На оваа листа се најде и Македонија.
Препорачано
Овој пат тие направиле листа на најдобрите јадења од грав на чиј врв се наоѓа сопа тараска (Sopa Tarasca), пире супа од грав од Мексико. Следува дири ак пва (Diri ak pwa) од Хаити на второто место и феијао тропеиро (Feijao Tropeiro) од Бразил е на третото место.
Инаку, сопа тараска е традиционален мексикански специјалитет со домати и чили пиперки.
На шестото место се најде гравот, едно од традиционалните јадења во Македонија, но на листата е претставен како јадење од Србија.
View this post on Instagram
На оваа листа се најдоа дури три специјалитети од грав од Србија – и тоа обичен грав и чорба грав.
На листата се најде и македонскиот специјалитет – тавче гравче, кој го зазеде 23-то место.
„Тејст атлас“ воедно даде и опис за македонскиот специјалитет – тавче гравче е националното јадење на Македонија кое се состои од грав динстан со кромид, масло, суви снегулки од пиперка и зачини како што се сол, магдонос и црн пипер. Иако тоа е првенствено вегетаријанско јадење, некои рецепти бараат додавање на чадено свинско месо, сланина, колбаси или сушено месо.
Јадењето се пече во земјен сад и најчесто се служи во него, што го држи гравот топол. Во тавче-гравчето традиционално се ужива во петок или во текот на постот (оригинален вегетаријански рецепт), но во рестораните често се служи како прилог на јадењата со месото на скара.
Целта на рангирањето на „Тејст атлас“ е да промовира одлична локална храна, да влее гордост на традиционалните јадења и да разбуди љубопитност за јадењата што не сте ги пробале.
„Тејст атлас“ ги објави 10-те најлошо рангирани македонски јадења: Листата многумина ќе изненади!