
ФОТО | „Тајм“ вклучи два хрватски града на листата на најдобри пролетни дестинации
Престижниот магазин „Тајм“ состави листа на градови кои, како што напиша, се совршени за пролетен одмор.
Препорачано
На листата тој вклучил и два хрватски градови – Ровињ (го ставиле на шестото место) и Загреб (на деветтото место).

„Калдрмата во овој град ќе ве потсети на Дубровник, но со мошне помалку метеж. Најдобрата работа напролет во Ровињ е прошетката покрај крајбрежјето“, напишал „Тајм“.
Додале дека Ровињ има прекрасни историски куќи и ресторани кои служат плодови од морето, свежи тестенини и тартуфи.

Загреб, пак, го опишале како „една од најзанемарените престолнини во Европа“.
„Овој град има топ којшто сѐ уште пука, секој ден напладне. Малиот, но препознатлив музеј ќе ве окупира со денови, а за почеток обидете се со Музејот на прекинати врски. Австроунгарската архитектура на градот ќе ви го привлече погледот додека шетате кон улицата каде може да најдете „крафт“ пиво. Загреб е исклучително пристапен, со хотели со пет ѕвезди под 120 фунти од ноќ и автентични јадења како штрудли кои чинат околу пет фунти“, пишува во статијата.

Освен Ровињ и Загреб, на листата на „Тајм“ се најдоа и следните градови:
Гелвеј (Ирска)
Келн (Германија)
Љубљана (Словенија)
Атина (Грција)
Будимпешта (Унгарија)
Гент (Белгија)
Фес (Мароко)
Мадрид (Шпанија)
Солун (Грција)
Краков (Полска)
Лион (Франција)
Стокхолм (Шведска)
Валета (Малта)
Лече (Италија)
Цирих (Швајцарија)
Амстердам (Холандија)
Палма де Мајорка (Шпанија)
Палермо (Италија)
Ница (Франција)
Истанбул (Турција)
Марсеј (Франција)
Пафос (Кипар)