Фото: Инстаграм/Мартин Филиповски

ФОТО | „Светот во раце“: Мартин од „Некст тајм“ стана татко, девојчето доби несекојдневно име

Гитаристот Мартин Филиповски од музичкото дуо „Некст тајм“ и неговата сопруга, ракометарката Андреа Белеска, станаа родители на нивното прво заедничко дете.

Познатиот музичар ја сподели среќната вест на социјалните мрежи, каде објави фотографија од бебешкото раче на девојчето и откри дека на ќерката ѝ го дале името Лиана.

„Светот во раце. Лиана, добредојде“, напиша тој во описот на фотографијата, откривајќи го името на новиот член на нивното семејство.

Фото: Инстаграм/Мартин Филиповски

Да потсетиме, Мартин Филиповски и Андреа Белеска стапија во брак во јуни минатата година. Тие направија црковна свадба во Кичево, родниот град на Белеска, а потоа и прослава во еден скопски ресторан.

„Кога си со вистинската личност, тоа прави да ја покажеш најдобрата верзија од себеси“, напиша тогаш Филиповски на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/Мартин Филиповски

„Некст Тајм“ го промовираа новиот албум: Го посветуваме на нашите две мајки

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот