ФОТО | Светлана Црнокрак наполни 49 години: Една од најубавите Македонки никогаш не изгледала олку добро!

Светлана Црнокрак, една од најпознатите македонски манекенки, вчера (18 февруари) го прослави својот 49. роденден во домашна атмосфера, опкружена со најблиските.

Таа ги дувна свеќичките на чоколадната торта и сподели неколку моменти на својот инстаграм-профил, каде што пристигнаа бројни честитки од пријатели, колеги и обожаватели.

Фото: Скриншот/Инстаграм
Фото: Скриншот/Инстаграм/Светлана Црнокрак

Меѓу најемотивните пораки беше онаа од нејзината ќерка Моника, која исто така чекори по нејзините модни стапки.

„Ѝ посакувам среќен роденден на мојата кралица. Ти заслужуваш сè на овој свет. Те сакам бескрајно“, напиша Моника, покажувајќи ја силната врска меѓу нив.

Фото: Скриншот/Инстаграм/Светлана Црнокрак
Фото: Скриншот/Инстаграм/Светлана Црнокрак

Светлана важи за жена која со стил и елеганција старее, а многумина велат дека никогаш не изгледала подобро. Со својот изглед и енергија, таа докажува дека возраста е само бројка, а вистинската убавина доаѓа од самодисциплината и љубовта кон себе.

Интервју со Светлана Црнокрак: Диета со гладување – НЕ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот